Фајзер штотуку ја пријави вакцината за одобрување во Европа

 Фајзер штотуку ја пријави вакцината за одобрување во Европа

Фармацевтскиот гигант „Фајзер“ штотуку ја пријави вакцината што ја произведоа во соработка со стартапот BioNTech за условно одобрување до Европската медицинска агенција, објави германската агенција dpa.

Според „Фајзер“, тие сакаат вакцината да биде достапна во Европа до крајот на годината.

„Фајзер“ и BioNTech соопштија дека добиле потврда за пријавата откако вчера побараа одобрение од ЕМА.

Тоа го става „Фајзер“ покрај фармацевтската компанија „Модерна“, која вчера исто така побара одобрение од EMA за нејзината вакцина против ковид 19.