Фатен крадец кој оперирал низ Охрид

 Фатен крадец кој оперирал низ Охрид

оради постоење основи на сомнение за сторени четири казнени дела „тешка кражба“ и пет дела „тешка кражба во обид“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 33-годишно лице од Охрид.

Тој кражбите ги извршил во периодот септември-октомври 2020 година, насилно влегувајќи во куќи во Охрид. Притоа, одзел златен накит, мобилни телефони и други вредни предмети, со што, се стекнал со противправна имотна корист од околу 200.000,оо денари, информира СВР Охрид.