Фатена банда поради обид за драматичен грабеж на дијаманти во центарот на Венеција

 Фатена банда поради обид за драматичен грабеж на дијаманти во центарот на Венеција

Вчера во координирана акција на полиции ширум Европа биле уапсени осум лица кои се поврзуваат со обидот за драматичен грабеж на златарница во Венеција во 2017-та година.

Осум осомничени се уапсени во Австрија, Естонија и Финска и припаѓаат на банда од Естонија која е специјализирана за грабеж на луксузни европски златарници, објавува “AFP”, повикувајќи се на италијанската полиција.

Со димни бомби се обиделе да направат диверзија

Во март 2017-та година, припадниците на таа банда активирале димни бомби на Плоштадот Свети Марко во Венеција, со што сакале да го привлечат вниманието на полицијата пред нападот на златарницата.

Но, грабежот останал само на обид, бидејќи еден турист предупредил полициска патрола во близина, по што вооружените разбојници почнале да бегаат.

Снимките кои ги објавила италијанската полиција прикажува еден осомничен како поставува димна бомба на Плоштадот Свети Марко и исплашени туристи кои бегаат од самото место кога почнал да се крева облак од густ чад.

Втората димна бомба била поставена на улица во близина.

Во Австрија и на Корзика украле дијаманти во вредност од милион евра

Веста за апсењето е објавена денеска, по долгогодишна истрага, со која координирал Еуропол.

Полицијата наведува дека членовите на бандата се одговорни за неколку грабежи, на Корзика и во Австрија во 2016-та, односно 2017-та година. Вредноста на украдениот плен се проценува на милион евра.

Меѓу уапсените е и лидерот на бандата, кој се криел во Финска. Италијанската агенција “AGI” наведува дека тој е веќе осудуван за грабежи, но и убиства.

>
>