• 29/02/2020
 Фатени две лица кои извршиле кражби во Лагадин и Елешец

Фатени две лица кои извршиле кражби во Лагадин и Елешец

Поради постоење основи на сомнение за сторени две казнени дела „тешка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 35-годишен охриѓанец и за уште едно лице од Охрид за сторени две казнени дела „прикривање“ и две казнени дела „помагање“.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, тешките кражби, пријавениот ги извршил во периодот ноември-декември 2019 година, од повеќе викенд куќи во охридските населби „Лагадин“ и „Елешец“, каде влегувал насилно користејќи подесен алат и прибор. Притоа одземал алати за работа, телевизори, уметнички слики и други вредни предмети кои потоа, второ пријавениот ги транспортирал и сокривал во својот дом.

Судија на претходна постапка, на првопријавениот му одреди мерка притвор во траење од осум дена.

Извор: OhridNews

Digiqole ad

Можеби ке те интересира