
Фејсбук го објави Instagram Reels како конкуренција на „ТикТок“
Фејсбук официјално го објави Instagram Reels, свој одговор на популарната услуга TikTok, која сега е достапна ширум светот.
Reels им овозможува на корисниците да создадат видео во траење од 15 секунди и да го подобрат со најразлични визуелни и звучни ефекти. Корисниците ќе имаат пристап до услугата Reels директно преку камерата на Instagram. Исто така, ќе биде можно да се гледаат содржината на Reels на други креатори директно од Explore табот.
Во својата објава, Фејсбук истакна дека Reels доаѓа од неколку алатки за видео обработка, вклучувајќи каталог на звуци и AR ефекти.

Фејсбук спомена дека Reels ќе биде достапен за сите корисници, но доколку имаат приватен профил, нивните видеа на Reels нема да се појават во Explore.
Објавувањето на Instagram Reels пристигнува во вистински момент – во време кога популарната апликација TikTok е во судир со американската администрација и е забранета во Индија. Американскиот претседател, исто така, се заканува дека ќе потпише извршна наредба со која се забранува „TikTok“ во САД, а Фејсбук би можел да го пополни можниот јаз со услугата Intagram Reels.