Ферари го продаде болидот на Михаел Шумахер

 Ферари го продаде болидот на Михаел Шумахер

Ферари на аукција го продаде својот болид Ф2002, кој го возеше легендарниот Михаел Шумахер.

Со овој болид седумкратниот Ф1 шампион победи на 15 од вкупно 19 трки во 2002 и 2003 година.

Ф2002 е продаден на аукција во Абу Даби за околу шест милиони евра. Со оваа цифра тој стана вториот најскапо продаден болид во историјата на Ф1, додека на првото место е исто така болид на Шумахер, Ф2001, кој во 2017 година беше продаден за околу 7 милиони евра.