
Фердинанд со комична изјава за Роналдо и химната за Лига Европа
Кристијано Роналдо скоро извесно е пред заминување од Олд Трафорд, тој не сака да биде дел од второто по квалитет клупско натпреварување во Европа, Лигата на Европа.
Португалецот сака да игра во ЛШ и скоро извесно е дека ќе си најде нов клуб во следните недели. Но она што не се знае е каде ќе игра во иднина.
Неговиот некогашен соиграч од Јунајтед, Рио Фердинанд, даде една доста комична изјава, поврзана со Роналдо и Лига Европа.
„Роналдо тешко да се задржи без ЛШ, тој дури и не знае како почнува химната на Лига Европа“, што јасно сигнализира дека Роналдо е веќе со мислите надвор од Манчестер.
Доколку сака да остане во Европа, за Роналдо има неколку опции, Мадрид или Париз.