Филипче: Ако мерките не дадат резултат, во земјава повторно ќе се воведе полициски час

Филипче: Ако мерките не дадат резултат, во земјава повторно ќе се воведе полициски час

Министерот Венко Филипче денес најави нови марки со цел спречување на ширењето на инфекцијата и додаде дека следно е карантин. 

Ограничено работно време до 23 часот за рестораните, кафулињата, сендвичарите…, јавниот превоз да биде исполнет 50%, а државните институции да работат во смени, групи или од дома. Ова се новите мерки кои Комисијата денеска и ги предложи на Владата. Веќе утре тие ќе се најдат на владина седница. Министерот за здравство Венко Филипче, нагласи дека со овие мерки се исцрпени сите можности на надлежните да го спречат ширењето на Корона вирусот. Ако мерките не дадат резултат во земјава повторно ќе се воведе полициски час.

Дали „клуч“ им се заканува и на градинките ќе покаже епидемиолошката слика наредниот период, потенцираше министерката за труд и социјала Јагода Шахпаска, откако бројот на новозаразени дечиња од отворањето на градинките до денеска се искачи на 18, а 303 се во изолација.

Мерките кои денеска ги предложи Комисијата, како и оние за задолжително носење маска на отворено, забраната за групирање на повеќе од 4 лица по 22 часот, како и за поголеми семејни собири, за да стапат на сила треба да го поминат собранискиот филтер. Филипче очекува до крајот на неделава потребните законски измени да бидат изгласани.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds