Филипче: Ако не се почитуваат мерките, може да има мини пик

 Филипче: Ако не се почитуваат мерките, може да има мини пик

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека по подолго време се намалува притисокот на здравствениот систем.

Филипче: Ако не се почитуваат мерките, може да има мини пик

Точка

30/12/2020

12:00

 498

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека по подолго време се намалува притисокот на здравствениот систем.

маркетинг

Филипче додал дека болниците се полупразни, дека мерките за заштита дале резултат, но предупредил дека може да има нов мини пик доколку не се почитуваат препораките. 

“Многу од предвидувањата во врска со вирусот не се остварија, некои пак се остварија посебно во делот дека ќе има есенски пик. Со последните мерки и препораки имаме сериозен ефект во намалувањето на бројот. Болниците се полупразни. Морам да потенцирам дека здравствениот систем е спремен да пресретне и следен бран. Нема да го смениме системот на реорганизација на јавно здравствените институции додека не поминат празниците, некаде до крајот на следниот месец. Така што, верувам дека граѓаните ќе продолжат да се однесуваат на овој начин”, рекол министерот.

Филипче бил запрашан и за тоа кога ќе пристигнат вакцините во Македонија, а министерот рекол дека ниедна земја не знае однапред кога и која вакцина ќе ја добие преку “Ковакс”.

Филипче рекол дека било разговарано за други механизми освен Ковакс. Полска, Бугарија, Грција и Австрија се понудиле да ги споделат своите вакцини со нас, а имало и диркетни разговори со компаниите.

Од почетокот на коронакризата во земјава се регистрирани 82.301 случаи, оздравеа 60.256, починаа 2.473, а активни случаи се 19.572.