• 22/10/2020

Филипче: Ако се влошат бројките, од понеделник нови рестриктивни мерки

 Филипче: Ако се влошат бројките, од понеделник нови рестриктивни мерки
loading...
Advertisement

Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес-конференција објави дека состојбата со корона вирусот се следи, а доколку викендов се влоши состојбата во понеделник ќе се предложат нови рестриктивни мерки.

– Ќе се предложат дополнителни рестриктивни мерки по евалуација на ситуацијата во следните денови и викендов, во понеделник ако има потреба ќе бидат предложени до Владата. Мерки се однесуваат на ограничување на капацитетот до 50 проценти во јавниот превоз, целосна забрана за секакви настани и крај на работното време на сите економски оператори во 23 часот, изјави Филипче.

Тој рече дека има сериозен процент на новозаболени кои не знаат да кажат каде се заразени.

-Со овие мерки таргетираме места каде има групирање и влијаеме на повеќе места да се намали ризикот на трансмисија. Доколку продолжи овој тренд на зголемување на случаи овој пакет на мерки заедно со претходниот сериозно ќе ја редуцира можноста за трансмисија на вирусот, објасни министерот за здравство.

Филипче додаде дека претходниот пакет на рестириктивни мерки е поднесен за законски измени до Собранието и очекува веќе следната недела истите да бидат изгласани во законодавниот дом.

Овој, прв, пакет мерки се однесува на задолжително носење заштитна маска на отворено, забрана за групирање на повеќе од четири лица по 22 часот и забрана за домашни посети на повеќе од четири лица.

English »