Филипче: Ќе предложиме кафеаните да работат до 21 часот

 Филипче: Ќе предложиме кафеаните да работат до 21 часот

Кафеаните, кафичите и сите останати угостителски објекти да работат до 21 часот.

Оваа мерка Kомисијата за заразни болести ја усвоила на состанокот утрово по рекордните бројки на заразени претходните денови.

Предлогот веќе утре ќе се најде на владина седница и се очекува да биде прифатен, потврди за Kанал 5 министерот за здравство Венко Филипче. Со мерките кои стапија на сила пред две недели, угостителските објекти сега работат до 23 часот.