Филипче: Маската штити од Ковид-19, настинки и аерозагадување!

 Филипче: Маската штити од Ковид-19, настинки и аерозагадување!

Министерот за здравство, Венко Филипче преку социјалните мрежи уште еднаш апелираше на носењето маски, потенцирајќи го нивното значење во време на пандемија и загаден воздух.

„Маската штити од ковид-19, настинки и од аеро загадувањето. Кога се спортува маска не треба да се носи, но на отворено при контакт со група на луѓе кои поради кашлање и кивање може да се влезе во близок респираторен контакт. Во овој случај маската штити од трансмисија на вирусот. Да ги почитуваме мерките, така го штитиме сопственото здравје и на здравјето на сите околу нас“, посочи Филипче.