
Филипче: „Можно е враќање на рестрикциите во земјава само во еден случај, но засега немаме такви индикации“
Министерот за здравство Венко Филипче во изјава за „Сител“, посочил дека не можеме постојано да живееме затворени и со рестрикции.
„Епидемијата ќе трае и по пронаоѓањето на вакцината, додека не се вакцинира доволен процент на населението“ – нагласил министерот Филипче.Исто така министерот во изјавата истакнал дека ние сме една од ретките земји која што целиот овој изминат период има протоколи за функционирање на компании, бизниси, угостителски објекти, хотели, плажи базени…„Тие протоколи се темелат на јасни епидемиолошки принципи. Задолжителното носење на маски, одржувањето на физичката дистанца… е единствениот начин со кој ние ќе излеземе од оваа здравствена криза. Ако се придржуваме до превентивните мерки, бројот на заболени ќе се намалува.Единствена дополнителна мерка како што е рестрикција во движење може да дојде предвид во даден момент, во случај на окупираност и пополнетост на болничките капацитети. Ние во овој момент немаме индикација за тоа. Не можеме да живееме затворени и со рестрикции. Епидемијата ќе трае и по пронаоѓањето на вакцината додека не се вакцинира доволен процент на населението“ – изјавил Филипче, додавајќи дека Македонија има потпишано писмо до СЗО за да влеземе во планот на распределба за вакцините.