Филипче најави продолжување на полицискиот час од 22 до 05 часот

 Филипче најави продолжување на полицискиот час од 22 до 05 часот

Министерот за здравство, Венко Филипче најави дека од утре продолжува полицискиот час од 22 часот до 05 часот наутро. Тој сепак потенцира дека доколку состојбата се влоши –  можни се и дополнителни рестрикции.

„Врз основа на последните бројки на новодијагностицирани случаи, врз основа на бројот на пациенти кои што се примаат во болниците во изминатите денови и врз основа на бројот на слободни кревети кои што со менаирање и прераспределба во изминатиот период го зголемивме, ставот е дека од утре ќе продолжат да важат истите мерки, како и досега, тоа значи дека останува на сила полицискиот час од 22 до 05 часот наутро, а за евентуална дополнителна рестрикциј ќе разговараме во текот на неделата врз основа на тоа што ќе се случува следните денови“ – изјави Филипче ТВ Сител.

>
>