
Филипче: Нема нови случаи на коронавирус, се тестираат седум лица
Венко Филипче, министерот за здравство на прес-конференција соопшти дека не се регистрирани нови случаи во изминатата ноќ, но дека денеска се тестираат седум случаи, од кои три од Дебар, двајца од Штип, и две лица на инфективно во Скопје. Последните четири лица дошле од Австрија и од Германија.
„Нема нови регистрирани случаи. Првата пациентка со коронавирусот е испуштена од болница и се наоѓа во домашно лекување. Непроменета е состојбата на другите 18 лица. Едната пациентка од Дебар која е на респираторна машина и е во добра состојба. Разговарав со инфектологот и епидемиологот во Дебар. Координацијата е добра, во континуирана комуникација сме цело време.
Во овој момент се тестираат седум пациенти. Три се лица од Дебар кои што потекнаа од анализите вчера од проверките, и тие се луѓе кои имаат симптоми на грип. Двајца преку центарот за јавно здравје во Штип, и двајца кои се на инфективната клиника во Скопје. Последните четворица со амнеза дека патувале во Австрија и Германија.
Утрово се состана кризниот штаб, претставниците од сите области ја кажаа ситуацијата и мерките како се спроведуваат. Нема проблем во Дебар и Центар Жупа, луѓето се мирни, знаат што се случува, покажуваат висок степен на дисциплина. Може да излезат само луѓето на кои им е индицирано болничко лекување.
Вечерва ќе има седница на Владата, и после која ќе има прес-конференција на која ќе информираме.
Уште еднаш повторувам апели граѓаните да не се собираат по маркети и други подрачја“, рече Филипче.