• 23/09/2020

Филипче: Нови пет пациенти позитивни на коронаворусот

 Филипче: Нови пет пациенти позитивни на коронаворусот
loading...
Advertisement

Министерот за здравство Венко Филипче одржа прес-конференција на која информираше за состојбата на заразените пациенти со коронавирусот, како и за резултатите на лицата кои денеска беа тестирани.

-Денеска имаме пет нови позитивни пациенти и двајца дијаностицирани кои што ќе треба да се потврдат во. Утрово беа тестирани седум лица, негативни се резултати на тројца лица од Дебар, на двете лица чии резултати стигнаа од Штип и едно лице на инфективната во Скопје. Позитивни се резултатите на една пациентка во Скопје, има 54 години се вратила од Холандија, развила симптоми, и денеска се јавила на преглед на Инфективна, била во домашна самоизолација, според нејзиниот исказ, а во моментов се контактираат 31 лице кои биле со неа во авионот.

Таа е со лесна клиничка слика, со тоа бројката на заразени пациенти кои се на Инфективната клиника е 14- рече Филипче.