Филипче: Од вторник почнува вакцинацијата со кинеските вакцини, очекуваме во скоро време најмалку 600 илјади дози

 Филипче: Од вторник почнува вакцинацијата со кинеските вакцини, очекуваме во скоро време најмалку 600 илјади дози

Министерот за здравство Венко Филипче утрово ги дочека кинеските вакцини од компанијата „Синофарм“. Станува збор за 200 илјади дози, односно за 100 илјади граѓани.

„Рано утрово пристигнаа долгоочекуваните вакцини на Синофарм од Кина. Лично да се заблагодарам на амбасадорт за личниот ангажман, луѓето од неговиот тим со кои комуницираме во изминатитот период. Станува збор за количина од 200 илјади вакцини, службите веднаш ќе ги проверат, ќе ги сместиме во ладната соба, и од тука во следните денови, најдоцна во понеделник, ќе бидат дистрибуирани во сите пунктови, и според распоредот на веќе пријавени граѓани, процесот на вакцинација со кинеските вакцини ќе започне веќе во вторник.

Месец мај каде очекуваме знајачно голем број на вакцини, и сметаме дека до летниот период ќе имаме голем број на вакцинирани граѓани, и тоа целосно ќе ја смени сликата на ситуацијата“, рече Филипче.

Министерот рече дека очекува да бидат вакцинирани меѓу 10 и 15 илјади граѓани на ден.

„Овие вакцини кои се пакувани со шприцови со игли и спремни за апликација, ќе бидат дистрибуирани низ градовите согласно пријавените граѓани. Пунктовите се подготвени. Помеѓу 10 – 15 илјади граѓани на ден.“, истакна Филипче.

Филипче истакна дека се очекува во месец мај да дојдат над 600 илјади вакцини од кинеските производители Синовак и Синофарм.

„Очекуваме да стигнат 500 илјади дози на вакцината Синовак, 100 илјади дополнителни дози како донација од министерството за одбрана во соработка со кинескиот министер за одбрана на Синофарм, што значи уште 600 илјади вакцини од Кина, за 300 илјади граѓани, 26 илјади дози од Фајзер по нашиот директен договор, се уште немаме одговор колку ќе стигнат од кинеските вакцини, и што станува се поизвесно со вакицната Астра Зенека, а тоа зависи од случувањата а во Индија. Таму има наплив, има донесено забрана за извоз на вакцините, а дел од вакцините на Астра Зенека треба да пристигнат од Индија. Првите кои дојдоа стигнаа од Јужна Кореја, и тоа може малку да ги комплицира работите“, вели Филипче.

Кинескиот амбасадор н.е. Џанг Ѕуо истакна дека вакцинацијата е важна за да се спречи пандемијата.

„Денеска присуствуваме на предавањето на 200 илјади вакцини за Северна Македонија. Пријателските односи придонесоа за оваа испорака. Вакцинацијата е важна за контрола на епидемијата. Кина испорача вакцини за 100 земји во Светот. Кина е прва по вакцинација со над 200 милиони вакцинирани жители и се надевам дека ќе биде ставен крај на оваа пандемија, рече Ѕуо.

>
>