• 23/09/2020

Филипче: Околу 200 луѓе кои доаѓаат од ризичните подрачја ќе бидат во групен карантин во касарната во Пепелиште

 Филипче: Околу 200 луѓе кои доаѓаат од ризичните подрачја ќе бидат во групен карантин во касарната во Пепелиште
loading...
Advertisement

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција повтори дека денеска до 12 часот има регистрирано 26 заразени, од кои утрово се тестирани 10, а од нив тројца се позитивни.

„Брачната двојка биле во странство, во Бугарија. Биле на домашно лекување и самоиницијативно пратиле брисеви во лабораторија. Седумнаесет пациенти се во Скопје на Инфективната клиника и девет се во Дебар. Спремни се и првиот и вториот спрат на скопската Клиника за инфективни болести, без разлика дали е обична соба или интензивна нега – истакна Филипче.

Тој додаде дека во текот на денот биле исконтактирани од кинеската Амбасада и дека постојат шанси да се добијат донации од маски, ракавици и респиратори.

„Разговаравме со градоначалникот Скопје, Шилегов да се зголеми бројот на автобуси. Инаку, околу 200 луѓе, кои се наши државјани и беа на унгарско-српската граница ќе дојдат на Деве Баир со организиран превоз. Тие работеле во ризичните подрачја во Италија и Австрија. Точно знаеме кога ќе се интервјуираат и ќе одат во групен карантин во касарната во Пепелиште, каде се обезбедени сите услови – вели Филипче.

Според него, се очекува бројот на заболени да се зголемува. Тој поворно апелираше до граѓаните да ги почитуваат сите препораки.

Извор: fokus.mk