Филипче: Се бараат локации за државен карантин

 Филипче: Се бараат локации за државен карантин

Некои државни институции согласно вчерашната одлуката на Владата, работат на тоа да се најдат локации за државни карантини, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашањето дали се подготвени државни карантини за лицата што доаѓаат од африканскиот континент.

– Тогаш кога не работеа хотелите ги користевме тие капацитети, меѓутоа во рамките на слободните државни капацитети верувам дека ќе се најде место. Една од опциите беше Домот во Демир Капија и беше сосема солидно место за сместување. За брзо ќе се најде такво решение. Во смисла на некакви дополнителни мерки во дел на границите засега не размислуваме, изјави министерот Филипче.

>
>