Филипче: Ситуацијата е критична, но и натаму сметаме дека нема потреба од полициски час

Филипче: Ситуацијата е критична, но и натаму сметаме дека нема потреба од полициски час

Министерот за здравство, Венко Филипче изјави дека во последните неколку дена здравствениот систем е под силен притисок и дека ситуацијата во земјава е критична.

Министерството за здравство денеска прими пет болнички возила од АРМ – возилата се ставени на располагање на здравствените работници во борбата против коронавирусот.

„Притисокот врз здравствениот систем е огромен. Се зголеми капацитетот на болничките возила, оваа помош е драгоцена и важна. Ситуацијата е критична во нашата земја“, изјави Филипче.

Првиот човек на македонското здравство уште еднаш апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките воведени со цел да се сопре ширењето на коронавирусот и нагласи дека засега нема потреба од полициски час.

„Денеска имаме состанок на Комисијата за заразни болести. Ќе разгледаме некои други мерки, но и натаму сметаме дека нема потреба од полициски час“, изјави Филипче кој денеска присуствуваше на предавањето на воено санитетските возила од страна на АРМ.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds