Филипче со апел до граѓаните: Не се собирајте по слави, многу бранови почнаа така

Филипче со апел до граѓаните: Не се собирајте по слави, многу бранови почнаа така

Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес конференција апелираше до граѓаните да не организираат слави.

Тој вели дека доколку слават, истото да биде само во кругот на семејството.

„Со оглед на тоа што доаѓа време за семејни слави апелирам до граѓаните или да не ги организираат, како што беше лани, или да се сведат на минимум, само во кругот на семејството. Мора да знаат граѓаните дека со својата совест, свест и одговорност многу придонесуваат за себе и за здравствениот систем. Затоа ги спомнав семејните слави. Имавме наназад овие две години многу минибранови кои почнаа од ифтари и семејни слави. Тоа се семејни собири во домовите на луѓето, тука не може државата да исконтролира“, кажа Филипче.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds