Филипче соопшти – Направен е список од 14.000 граѓани кои ќе бидат повикувани за вакцинација

 Филипче соопшти – Направен е список од 14.000 граѓани кои ќе бидат повикувани за вакцинација

Готови се списоците и прецизирано е кои категории граѓани први ќе ја примат вакцината против коронавирус, соопшти министерот Венко Филипче.

Последната препорака е да се вакцинираат и луѓето кои биле заболени без разлика дали имаат или немаат антитела.

„И покрај вакцината, мора да се почитуваат мерките за заштита. Направен е список од 14.000 граѓани кои ќе бидат повикувани преку матичните лекари, преку системот „Мој термин”, вели Филипче.

Македонија ќе набави кинеска вакцина, а се очекува дека во февруари ќе почне процесот на вакцинација.

>
>