Филипче: Состојбата е сериозна, не излегувајте од дома ако немате потреба!

 Филипче: Состојбата е сериозна, не излегувајте од дома ако немате потреба!

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција најави дека ќе биде зголемен капацитетот на тестирање и апелираше во меѓувреме апелираше на максимална одговорност од страна на граѓаните.

Филипче информира дека целата зграда за интерни болести ќе биде пренаменета во Ковид центар поради забрзаното зголемување на бројката на пациенти заразени со коронавирусот, на кои им е потребно болничко лекување.

„Во последните недели имаме експлозија на вирусот, како кај нас, така и во регионот и Европа. Состојбата е крајно сериозна, но здравствениот систем е максимално мобилизиран за одговор на предизвикот. Сакам да им се заблагодарам на здравствените работници за надчовечките напори“, изјави Филипче и ги повика граѓаните да се однесуваат одговорно, а ако немаат потреба, да не излегуваат од дома.

„Најмало невнимание може да значи инфекција. Ние имаме одлични мерки, а дополнителни рестрикции не се потребни во моментов. Апелирам на почитување на мерките, да не се излегува од дома ако нема потреба, само до маркет, работа или училиште. Само солидарни можеме да се справиме со оваа криза“, порача министерот Филипче.

Целата зграда за Интерни клиники ќе биде наменета за пациенти со Ковид-19

Целата зграда за Интерни клиники ќе биде наменета за пациенти со Ковид-19, откако Инфективната и модуларната болница целосно се исполнија, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче, кој вели дека е активиран планот за обезбедување дополнителни капацитети.

„Нема да се наруши нормалното функционирање на сите овие клиники, системот ‘Мој термин’ продолжува да функционира“, вели министерот Филипче.

Во моментов, Центарот за белодробни болести сè уште има слободни капацитети.

Министерот Филипче соопшти дека во моментов 890 заразени од Ковид-19 се во болничките кревети.