
Филипче: „Уште една успешна трансплантација на срце! Вие пишувате историја!“
Денеска министерот за здравство, Венко Филипче, објави дека хирурзите се подготвуваат да ја направат шестата по ред трансплантација од млада почината пациентка.
Филипче штотуку објави дека трансплантацијата на срце завршила и пациентот е под надзор на лекарскиот тим.
„Неколку часа траеше трансплантацијата на срце кај 53 годишниот пацинет, кој имаше тешка срцева аномалија. Во периодот кој следи го очекува критичен период на опоравување. Пациентот останува под надзор на стручниот лекарски тим на Клиниката за кардиохирургија.
На клиниката за Урологија хирурзите полека ја завршуваат и трансплантацијата на бубрег кај дваесет годишната пациентка која подолг период беше на дијализа.
На пациентите им посакуваме што побрзо опоравување и многу здравје. На колегите кои беа дел од овие експлантации и трансплантации на срце и бубрег, им честитам за уште еден успех. Вие пишувате историја! Изразувам незимерна благодарност за храброста, добродушноста и хуманоста на семејството на донорот“, напиша Филипче на својот Фејсбук профил.