Филипче: Вакцинацијата е од витално значење за крај на пандемијата, вложуваме напори да обезбедиме вакцини за целото население

 Филипче: Вакцинацијата е од витално значење за крај на пандемијата, вложуваме напори да обезбедиме вакцини за целото население

Министерот за здравство Венко Филипче, на својот профил на „Фејсбук“, напиша дека вакцините се од клучно значење за да биде ставен крај на пандемијата, и дека Министерството вложува крајни напори да обезбеди вакцина за секој граѓанин.

„Јавно-здравствените и социјалните мерки помагаат да се забави ширењето на вирусот, но вакцинацијата против Ковид 19 е алатката од витално значење за ставање крај на пандемијата и во тој контекст вложуваме максимални напори за да обезбедиме вакцини за целото население.

За целото времетраење на епидемијата, вложуваме големи напори да го избалансираме одржувањето на есенцијалните имунизациски услуги за сите возрасти, од една страна, со искористувањето на сите расположливи стручни потенцијали, ресурси и веќе докажани капацитети на државата за спроведување вакцинација за подготовка и за самата реализација на вакцинацијата против Ковид 19 на безбеден начин. Напорите на планот на имунизацијата опфатија и партнерска соработка со УНИЦЕФ и СЗО во областите на изготвување на национален план за вакцинација за Ковид 19 и надминување на предизвиците во врска со обезбедувањето вакцини и нивно чување и друга логистика, благодарение на што се создадоа функционален ланец на снабдување со вакцини и обучени здравствени работници и вакцинатори во државата“, напиша Филипче.

x