Филипче: „Во Тетово има 4 случаи кои се сомнителни на јужноафриканскиот сој“

 Филипче: „Во Тетово има 4 случаи кои се сомнителни на јужноафриканскиот сој“

„Во Тетово има четири случаи кои се суспектни, врз основа на оној скрининг којшто се прави на јужноафриканскиот сој. Што значи дека има и други соеви присутни во земјава. Пристапот е ист – детална епидемиолошка анкета, анализа, скрининг на тестовите и анализа дали да се прави секвенционирање или не“, изјави министерот Филипче.

Во однос на рестриктивните мерки, министерот изјави:

„Во моментов ситуацијата со пандемијата на коронавирусот во земјава е стабилна и нема потреба од дополнителни рестриктивни мерки и заштита од оние кои веќе се насила“, додаде Филипче.

Тим од неколку специјалисти од клиниката за педијатрија ќе прави скрининг во болницата во Гевгелија поради зачестените респираторни инфекции кај децата во градот, пренесува „Сител“.

Инаку, испитувањата ќе се прават поради тоа што за само еден месец во болницата во Гевгелија лекарска помош побарале 50 деца и бебиња со симптоми на респираторни инфекции кои не се специфични за овој период од годината.

Од тамошната болница информирале дека тие досега ги презеле сите здравствени протоколи за третман на младите пациенти, но поради неспецифичноста на самите инфекции кои се појавиле во топлиот период, а кои се карактеристични за есен и зима потребни се дополнителни анализи.

Инаку, во моментов во болницата во Гевгелија хоспитализирани се само две бебиња, поради возраста, а 20-на деца се на терапија, но истите не се задржани во болница.

Децата биле тестирани и на Ковид-19, а кај сите резултатите биле негативни. 

x