Филипче: За жал и денеска имаме починато младо лице, родителите се согласија за донација на органи

 Филипче: За жал и денеска имаме починато младо лице, родителите се согласија за донација на органи

Венко Филипче, министерот за здравство соопшти дека денеска има починато младо женско лице, и дека има согласност од нејзините родители за донација на органите.

„Веројатно дека имаме потенцијал да се направи уште една трансплантација. За жал, имаме млада почината пациентка, а има согласност за донација на органи од нејзините родители, и се прават анализа дали може да се направи трансплантација и на срце, и на бубрези. Ако имаме можност трансплантација на срце, ќе биде истиот тим како претходниот пат кој ја направи минатата трансплантација“, рече Филипче.

>
>