Филипче: Засега нема потреба од рестриктивни мерки

 Филипче: Засега нема потреба од рестриктивни мерки

Засега нема потреба од нови рестриктивни мерки, но не ја исклучувам можноста за тоа, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој рече дека се анализираат зголемените бројки во текот на оваа недела и согласно тоа од понеделник здравствените власти ќе го кажат својот став дали ќе има нови мерки или не.

„Ги следиме бројките и на почетокот на следната недела ќе излеземе со став. Засега во ниеден град не се исполнети условите да треба да има ограничување на движењето“, рече Филипче.

Тој додаде дека над 70 отсто од новите случаи се заболени со британскиот вид на коронавирусот. Исто така, информира дека болничките капацитети не се загрозени и дека има доволно болнички кревети за прием на пациенти со Ковид-19.

>
>