• 15/08/2020
 Финалето од ЛШ во 2024 може да се игра во Њу Јорк?

Финалето од ЛШ во 2024 може да се игра во Њу Јорк?

loading...
Advertisement

Финалната пресметка од Лигата на шампионите никогаш се нема одиграно вон Европа, а се чини дека тоа би можело да се случи во 2024. година откако преовладува мислењето во европската куќа на фудбалот за такво нешто.

Во УЕФА постои сериозна опција која би можела да се реализира во годините кои претстојат, а истата вели дека финалето од Лигата на шампионите во 2024. година би можело да се одигра во Соединетите Американски Држави, поточно во Њу Јорк.

Дека тоа би можело навистина да се случи, од УЕФА веќе ги информирале потенцијалните комерцијални партнери за обидот финалето од таа година да се пресели вон Европа, а доколку се остварат најавите, за прв пат финалната битка од тоа европско клупско натпреварување би се одржала вон Европа.

„Тим Маркетинг АГ“, швајцарската агенција која го претставува комерцијалниот интерес на УЕФА на глобално ниво, веќе ги информирала потенцијалните комерцијални партнери за таквата опција, а наводно ги запознала и за медиумските права околу тој настан.

Додека се уште не е познато колку УЕФА е далеку од реализација на ваквите најави, од УЕФА и „Тим Маркетинг АГ“ не ја кријат идејата, а воедно и намерите за такво нешто.

Можеби ке те интересира