
Физички нападнат вработен во спортска обложувалница во Струга
На 27-ми септември 2021 година, околу 11:30 часот пред спортска обложувалница на улицата „15-ти корпус“ во Струга нарушен е јавниот ред и мир со физички напад и закана со остар предмет, извршена од С.Р. врз вработениот Ц.Р., двајцата од Струга.
– Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид