ФК Лабуништа гостува во Боговиње во 14-тото коло од         2-МЛ запад

ФК Лабуништа гостува во Боговиње во 14-тото коло од 2-МЛ запад

Директорката на клубот Ивана Лескароска изјави дека екипата е максимално подготвена за престојната утакмица утре против Дрита од Боговиње таа додава дека после победата над ФК Скопје момците се уште мотивирани и се надеваме дека утре нашите ГМЕЧЕРИ ќе не дочекаат како есенски шампиони сите ние го заслужуваме првото место, но сепак фудбалот се игра 90 минути а Дрита ни малку не е екипа која треба да се потцени. Утре неможеме да рачунаме на Антонио Каланоски кој се здоби со повреда на предходната утакмица.

Задоволен сум од досегашниот успех на мојата екипа се надевам и овие две утакмици ќе направиме позитивен резултат. Купот е голем мотив за сите нас и да се вратиме со позитивен резултат. Среќен сум што се враќам во тимот после паузата од 1 натпревар и се надевам ќе помогнам на екипата да ја оствариме замислената цел, стои во изјавата на Хасан Сунај…

Утре не очекува исклучително тежок и цврст натпревар, ја респектираме екипата на Дрита меѓутоа ние како на секој така и на овој натпревар одиме да се надиграме и секако подобриот нека ги освои бодовите…А што се однесува на натпреварот од купот на Македонија против екипата на Брегалница од Штип можам да кажам дека нашата екипа испиша историја во ова натпреварување така да секој резултат во наша полза од овој двомеч ќе биде само плус за нашата екипа и добра можност за гледачите на гратскиот стадион во Штип да проследат еден интересен и незивесен натпревар…Истакна Климе Далчески

Не чека натпревар за добра завршница и остварување на целта, верувам во дечките и покрај проблемите со дел на играчи што не се појавија после натпреварот со ФК Скопје. Ни треба трк и дисциплина во играта, желбата мора да е на високо ниво да се спојат коцките и да ги израдуваме ГМЕЧЕРИ и Лабунишката публика Дрита е солидна екипа но не и непобедлива одиме со мисли за триумф кој ќе ни даде крила и за КУП натпреварот со ФК Брегалница и мирна зимска пауза. Изјави нашиот стратег Џигероски