ФК Лабуништа и кога е тешко знае да победи

ФК Лабуништа и кога е тешко знае да победи

ФК Лабуништа во драматичен односно трилер натпревар упсеа да ги потопи рибарите во последните минути од натпреварот во прекрасен амбиент и пријатно време во Струга, Лабуништа и Охрид одиграа одличен натпревар со кој се затвори 15. коло од ВМФЛ-Запад.

Лабуништани поведоа со 1-0 со погодокот на Сунај Хасан во 9-та минута. Претходно, „црно белите“ имаа добра прилика преку Александар Далчески кој биеше покрај голот. Охриѓани брзо возвратија уште од првата шанса постигнаа изедначувачки погодок. Игор Клечкароски нафрли во срцето од 16-те метри, Љупче Трпески скокна највисоко и со главата ја смести топката во мрежата од домаќините.

На стартот од второто полувреме, Лабуништа продолжи да ја контролира играта, во 69. минута, Охрид остана со фудбалер помалку. Шериф Реџепи доби директен црвен картон поради удар со лакт во кој без двоумење го покажа Тефику. Во следната акција по нафрелна топка од корнер охриѓани стигнаа до водство 1-2. Дефанзивецот Александар Василев со глава ја погоди целта за предност од 1-2.

Очекувано, Лабуништа фрли се на една карта и долго време неможеше да го пробие бедемот на Охрид. Во 90. минута Петар Љамчевски од втор обид успеа да ја погоди целта за 2-2. На крилата од изедначувачкиот погодок Лабуништа нападна уште еднаш и во последната минута од судиското продолжение реализираше комплетен пресврт. Џокерот Михајло Јакимоски кој влезе од клупата со десна нога ја затресе мрежата за голема победа на ФК Лабуништа и непроценлива радост за навивачката група ГМЕЧЕРИ.

Ова е екипата во која верувам и убеден бев дека овие 3 бода ќе се пишат на наше конто, дерби со многу жар но се освен три бода за нас немаше да биде прифатливо. Дечките се тие кои го о понесоа товарот но се си има своја цена и на крај заслжено се радуваа. Стратегијата на Џигероски овој пат беше повеќе од успешна. Посебно сум горд на нашите ГМЕЧЕРИ кои 90+ минути не бодреа надвор од стадионот стои во изјавата на извршниот директор Адем Нуроски…

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds