ФК Лабуништа подготвени за стартот на зимските подготовки
После првото засилување на младиот Донарт Бајрами кој пристигна од Кораби постигнат е договор за уште две засилувања а тоа се младиот фубалер Сумер Хасан кој ќе ни биде позајмен од редовите на ФК Рабтнички и повратникот Александар Далчески кој се враќа од редовите на Струга Трим и Лум…
Првата етапа Лабуништани во 2 МЛ-запад ја завршија на одличното четврто место со три бода зад лидерот на табелaта Пелистер од Битола.
Во пролетната сезона се очекува тешка но и возможна мисија за борба на врвот од табелата кој ќе води директно или бараж наптревар за велз во елитата.

Директорката на клубот изјави дека полека но сигурно се завршуваат подготовките за почеток на зимските подготовки таа додаде уште сега се закажани пријателските натпревари кои ќе се одиграат во текот на подготовките. Се појачавме со тројца квалитетни играчи од кои очекуваме да дадат допринос за нашата цел да биде остварена. Нашата публика и наредната полусезона ќе се радува на секоја победа и ние сите заедно од година на година ќе пишуваме историја за овој млад успешен клуб. Стартот го закажавме за 15-ти јануари а подготовките ќе ги обработуваме во Струга и Охрид додаде директорката на клубот Ивана Лескароска…

Пред се сакам да се заблагодарам на управата и шефот на стручниот штаб на ФК Лабуништа за довербата која ја имаат во мене и ми понудија да се приклучам во овој тим задоволен сум што ми се даде можноста да претставам тим што секогаш иде на врвот на табелата и за цел го има лидерот, верувам дека нема да ги разочарам и секогаш ќе давам се од себе за да ја оствариме целта на клубот…Изјави Донарт Бајрами….

Среќен сум што ќе бидам дел од ФК Лабуништа, убаво е чувството да си дел од еден од најсериозните клубови во наштата лига, ќе се обидам да давам се од себе за да ги исполнам очекувањата и нормално за да се оствари целта на клубот, влезот во првата лига…Изјави Сумер Хасан…
Среќен сум што повторно се враќам во ФК Лабуништа и едниствена цел ми е со овој клуб да влеземе во елитата, населението во Лабуништа заслужува да гледа прволигашки фудбал изјави повратникот….Александар Далчески…..