
ФК Лабуништа полека ги привршува подготовките за старт на сезоната
Добра контрола во подготвителниот период, треба да видиме до каде сме.
Мораме да бидеме стрпливи и пред се дисциплинирнани што ние е голем проблем но мора да се средиме.
Не сериозно е на ова ниво да правиме муабет за дисциплина но што е тука е нема бегање од проблемите.
Игравме на тежок терен но нема оправдување треба повеќе одговорност и желба.
Дресот на Лабуништа треба да се заслужи за што актерите треба да се свесни.
Имавме и добри поедници кои се зацементираат во првиот тим.
Костурот се надзира но и бара одговорност. Изјави Пепи Џигероски шефот на стручниот штаб.
Директорката на Клубот Лескароска не информираше за повредата на нашиот прв голман и за среќа повредата не е сериозна како што изјави таа Илче ќе го имаме спремен за остатокот од првенството и за неколку дена ќе се приклучи на екипата. Таа додава дека остануваат уште два контролни натпревари со екипите на Питу Гули и Дрита од Боговиње во кои е најважно играчите да ни останат без повреди и да ги имаме максимално подготвени за првото коло во кое ја пречекуваме екипата на ФК Охрид.