ФК Лабуништа: После долга зимска пауза во Недела стартуваме со локално дерби

ФК Лабуништа: После долга зимска пауза во Недела стартуваме со локално дерби

На прагот ни е почетокот на останатиот дел од натпреварувачката сезона за да во Недела имаме локално дерби и ја дочекаме екипата на ФК Охрид-Лихнидос, добро познато ни е дека дел од нашите играчи се од Охрид и во продолжение ги имаме нивните изјави за очекувањата од натпреварот кој со нетрпениего очекуваме во Недела.

Овој Натпревар е важен за нас подеднакво како и сите други останати затоа што нашата цел се местата кои водат во елитата нашето искуство и квалитет како и домашниот терен е предност во овој натпревар и се надевам дека ќе дојдиме до посакуваната победа ќе напоменам дека не давам посебен акцент на утакмицата со Охрид знаејќи дека не чека доста тешка Недела во која ќе одиграме три натпревари за 7 дена и во секој натпревар ќе влеземе борбено и со победнички дух стои во изјавата на нашиот капитен и столбот на одбраната Дејан Лескароски.

Искусниот Сашо Ѓорески додава: Утакмицата со многу мотиви за двете екипи, ќе биде соседско дерби со многу набој, ние спремни ќе ги дочекаме и ќе покажиме зошто ќе го напаѓаме врвот на ВМФЛ оваа сезона.

Мечот со ФК Охрид за нас е од големо значење. Треба добро да се подготвиме, да го вратиме духот кој не красеше во првата полусезона, да одиграме добра одбрана, да имаме поголема концентрација во нападот и тука ни е шансата.
Се освен три бода би било неуспех на овај натпревар стои во изјавата на Антонио Каланоски

Очекувам многу интересен натпревар во Недела. Бодовите им се потребни на двете екипи,на Охриѓани да го избенат дното на табелата, а нам да се приближиме до врвот на табелата. Во секој случај очекувам нови три бода во наша корист. Ги повикувам љубителите на фудбалот да дојдат во што поголем број и да уживаат во локалното дерби. Изјави нашиот млад голман Оливер Митрески

Секоја чест на екипата на Охрид на неколкуте квалитетни засилувања кои ги ангажираа, но ние како екипа сме покомпактни и поквалитени. На крајот тие бркаат опсатнок а ние прва лига изјави нашиот тренер на голманите Благоја Буџакоски.

Сигурна сум дека не само во Недела туку и секој нареден натпревар нашата публика и нашите ГМЕЧЕРИ ќе гледаат одличен фудбал. На располагање ги имаме сите играчи стратегот на нашата екипа Џигероски може да смета на сите што е доста важно за овој почеток на втората полусезона. Апелирам до нашата публика секоја утакмица да доаѓа во што поголем број зошто тие секогаш се нашиот играч плус и ние сите заедно ќе се потрудиме да го нападнеме врвот кој е наша цел стои во изјавата на директорката на клубот Ивана Лескароска

01.03.2020 г. 14:00 ч. Стадион Караорман Струга

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds