
ФК Лабуништа утре ќе се тестира со екипата на Кеку од Косово
Утре со почеток во 13:00 часот на стадионот Билјанини извори ќе го одиграме следниот контролен натпревар против екипата на Кеку од Косово, за да на 10- ти овој месец ја пречекаме Прилепска Победа на 15 -ти ќе одиграме против КФ Дрдана од Косово и на 22-ри ја одиграме генералката против екипата на Дрита. Подготовките се одвиваат во најдобар ред и сме постојано на релација Струга-Охрид новодојденците одлично се вклопија со екипата и што е најбитно немаме повредени играчи. Зиба од вчера се приклучи на екипата и се надеваме дека вака во комплетен состав ќе ги завршиме подготовките за на 29-ти максимално подготвени го стартуваме почетокот на вториот дел од првенството стои во изјавата на директорката Ивана Лескароска.
