ФК Лабуништа утре на пробен испит со Ренова

Задоволство ми е што ќе го облечам дресoт на ваков млад но надежен клуб и сигурен сум дека ќе помогнам на екипата за заедно да ја оствариме целта. Изјави Илче Петровски новиот чувар на нашата мрежа.

Директорката на клубот Лескароска изјави дека утре ќе се одигра првиот тест против екипата на Ренова а стратегот Џигероски ќе добие појасна слика за новите играчи за да на 27 веќе го одиграме вториот контролен натпревар.
Во овие контролни натпревари најважно ни е уигрувањето на екипата и во припремниот период ќе одиграме 6 натпревари… додаде директорката Ивана Лескароска