• 23/09/2020

ФК Лабуништа во првиот двомеч од купот против Брегалница гостува во Штип…

 ФК Лабуништа во првиот двомеч од купот против Брегалница гостува во Штип…
loading...
Advertisement

ФК Лабуништа во последното коло од Есенскиот дел на штампионатот од втората македонска лига запад несреќно загуби во Дрита со 1:0, кој во првиот дел од натпреварот ја имаа доминацијата и неколку убави шанси, но среќата не беше на наша страна така да во вториот дел во една цврста игра која се играше во лоши временски услови бевме казнати и го загубивме овој дуел. Но сепак сме задоволни од прикажаното во првиот дел од сезоната во кој со освоени 24 бода, три помалку од лидерот Пелистер сме на одличната 4-та позиција, честитки за играчите и раководството на Лабуништани исто така да не ги заборавиме и прекрасната навијачка група ГМЕЧЕРИ…

Од есеснкиот дел ни преостанува уште еден утакмица од четврфиналниот куп натпревар на Македонија кој треба да се одигра на 4-ти односно задутре Среда на градскиот стадион во Штип против одличната Брегалница која исто така со три бода заостанува зад лидерот Беласица во втората источна македонска лига, натпреварот ќе се одига во вечерен термин со почеток во 16:30 часот. Кој исто така претстаувва најголем успех во историјата на Лабуништани, и во секој случај ќе биде мотивација плус да биде проследен и да се даде подршка на одличниот тим на Лабуништани без разлика на исходот.

ФК Лабуништа не ќе може да смета на повредените Антонио Каланоски и Арион Зиба додека останатите се во добра кондициона и психолошка состојба спремни да го дадат максимумот да извлечат позитивен резултат.