ФОТО: Докторите се поклонуваат на младата девојка чие семејство одлучи да ги донира нејзините органи

 ФОТО: Докторите се поклонуваат на младата девојка чие семејство одлучи да ги донира нејзините органи
Фотографија на која докторите се поклонуваат на младата девојка, чие семејство одлучи да ги донира органите, и да спаси животи, објави министерот за здравство Венко Филипче. 

„Историска фотографија, докторите и се поклонуваат на младата девојка чие семејство одлучи да ги донира нејзините органи. 
Нејзиниот млад живот трагично згасна, но нејзиното срце спаси друг млад живот. Нема зборови со кои може да се искаже благодарноста кон семејство. Нема зборови со кои може да се опише алтруизмот и големината на чинот на органодарителство. Во моменти на длабока тага да се донесе одлука за донирање на органите на блиските е дефиниција за хуманост“, објави Филипче. 
>
>