ФОТО: Меланија Трамп гласаше во фустан од 4.000 евра – повторно покажа дека е модна икона

 ФОТО: Меланија Трамп гласаше во фустан од 4.000 евра – повторно покажа дека е модна икона

Првата дама на Америка гласаше на Флорида, во 9 часот наутро. За оваа прилика понела скап фустан искомбиниран со високи потпетици, елегантна чанта и големи очила.

Американските претседателски избори се во тек, а Меланија за гласањето одбра фустан од брендот Гучи, вреден скоро 4.000 евра. Првата дама уште еднаш покажа дека има непогрешливо чувство за мода и елеганција.

И додека првата дама гласаше како и останатите луѓе во Америка, Доналд Трамп тоа го заврши минатата недела во Вест Палм Бич. Тогаш на насобраните новинари им рече дека гласал за „тип кој се вика Трамп“. Американскиот претседател влезе во уште една трка за Белата куќа, а коронавирусот не го спречи да ја тера својата предизборна кампања.