Фото: Пациентка заразена со коронавирус фатена како бега преку прозорец од болница во Гостивар

Фото: Пациентка заразена со коронавирус фатена како бега преку прозорец од болница во Гостивар

Во болницата во Гостивар се случил еден необичен настан – пациентка била фотографирана како излегува од прозорецот на задната просторија на Одделот за инфективни болести.

Фотографијата ја пренесоа бројни медиуми, а во меѓувреме се уште нема реакција од болницата или полицијата во врска со овој случај, пренесува „Фактор“.

Земјата периодов се соочува со зголемување на бројот на заразени со Ковид-19, а по Скопје, Гостивар и Тетово се градови со најголем број заразени. Од почетокот на пандемијата во Гостивар се регистрирани 7.503 случаи на коронавирус, додека во моментов има 1.394 активни случаи.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds