ФОТО: Погледнете во каков луксуз Роналдо ќе ги помине петте карантински дена во Манчестер

 ФОТО: Погледнете во каков луксуз Роналдо ќе ги помине петте карантински дена во Манчестер

Кристијано Роналдо се врати во Англија, но ќе мора да мине пет дена во карантин, поради протоколите на британските надлежни органи.

Новото засилување на Манчестер Јунајтед се очекува да го има дебито за време на наредниот викенд. На „Олд Трафорд“ доаѓа една од неговите омилени екипи за постигнување голови, Њукасл Јунајтед.

Трансферот на Португалецот веднаш започна да им се исплаќа на „црвените ѓаволи“. Дресовите со број седум се продаваат како никогаш досега, што не е изненадување кога е во прашање еден од милениците на навивачите на премиерлигашот.

До денот кога ќе започне со тренинзи и за подготовки за првиот меч, Роналдо ќе одмара со најблиските во луксузна вила која вклучува базен, домашно кино, фитнес центар, седум спални соби и многу обезбедување за негова максимална сигурност.

>
>