ФОТО+ВИДЕО: Експлозија во Истанбул, наредена евакуација

ФОТО+ВИДЕО: Експлозија во Истанбул, наредена евакуација

Најмалку три станбени згради се евакуирани откако утринава во 8:30 часот по локално време се слушнала експлозија во областа Бејоглу во Истанбул.

Утврдено е дека експлозијата се случила под земја, поради што во воздух одлетал капак од шахта. Наводно дошло до спој на кабли. Густ чад се забележувал веднаш по експлозијата, а пожарникарите наредиле евакуација на станарите.

Поради превенција исклучена е струјата во целиот кварт.

-Видовме дека нешто чади, а потоа одекна експлозија. Се виде чад како се шири и во становите. Кај нас имаше во бањата и кујната, вели Мустафа Ајас, еден од станарите кој бил евакуиран.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds