
Фото+видео: Фламингоси на Охридско Езеро
Јато фламинга деновиве повторно е забележано на Охридското Езеро, во близина на Македонско-албанската граница. Според она што може да се види на фотографиите и видеото, птиците слетале во поплиткиот дел од езерото во потрага по храна.
За прв пат ваква појава беше фотографирана во 2014 година, од група туристи. Тогаш научници, кои се занимааваат со проучување на птиците во Република Македонија, укажаа дека ваква појава не била евидентирана на Охридското Езеро, што не значи дека фламинга и порано не слетувале тука, дотолку повеќе што тоа е вообичаена појава на Преспанското Езеро.
Фламингата се хранат со одредени видови на планктон и на езерата слетуваат само по храна, но не се вгнездуваат, укажуваат научниците.
Розовото фламинго е најраспространет вид од фамилијата на фламингата. Се среќава во делови од Африка, јужна Азија и јужниот дел на Европа, вклучувајќи ги Шпанија, Албанија, Турција, Грција, Кипар, Португалија, Италија, Франција, а се среќава и во Македонија.
Некои популации на фламинга се преселници на кратко растојание и се среќаваат посеверно од вообичаениот опсег. Овие птици живеат во мочурливи предели и плитки крајбрежни лагуни со солена вода.
Извор:OhridNews