ФОТО+ВИДЕО ОД МЕСТОТО НА ТРАГЕДИЈАТА: Банкината откорната, автобусот пеплосан- сочувство до семејствата на загинатите

 ФОТО+ВИДЕО ОД МЕСТОТО НА ТРАГЕДИЈАТА: Банкината откорната, автобусот пеплосан- сочувство до семејствата на загинатите

Голема трагедија утрово ја разбуди цела Македонија и ја зави во црно. 46 лица го загубија животот на пат од Турција кон Македонија.

Трагедијата во која се запали македонски автобус на автопатот „Струма“ во Бугарија се случила околу 3 часот утрово.

Во автобусот патувале 52 лица на релација Истанбул-Скопје. Меѓу загинатите имало и малолетници, а загинал и возачот. Преживеаните лица се сместени во болницата „Пирогов“ во Софија.

Сочувство до семејствата на загинатите.

x