• 19/09/2020

Франциско списание ја препорачува Македонија меѓу топ туристички дестинации за 2020!

 Франциско списание ја препорачува Македонија меѓу топ туристички дестинации за 2020!
loading...
Advertisement

Францускиот магазин АД, посветен на декорацијата, уметноста, архитектурата и начинот на живеење, на своите читатели им препорачува пет дестинации за одмор во 2020 година, меѓу нив и Охрид во Северна Македонија, јавува дописникот на МИА.

Охрид е втората дестинација на магазинот АД, покрај карипскиот остров Аруба, планината Барилоче во Патагонија, Ванкувер во Канада и Котор во Црна Гора.

АД објаснува дека Северна Македонија е мала држава во Југо-источна Европа на Балканскиот полуостров, која доби ново име по децениите на политичка дебата со соседна Грција.

Причините поради кои АД советува да се замине на одмор за Северна Македонија се бидејќи таа е позната по својата гастрономија, по вековните традиции и својата природа. Охрид е ставен под заштита на УНЕСКО и тоа е само уште една причина повеќе за да се посети.

Извор:inovativnost.mk