Фудбалер на Галатасарај палел огномет, па со тешки повреди е пренесен во болница

Омар Елабделаи ја дочекал Новата година со своето семејство и запалил огномет во сопствен аранжман , но бил тешко повреден и завршил во болница.
Според турските медиуми, поранешниот фудбалер на Манчестер Сити, кој моментално игра за Галатасарај, се повредил на новогодишната ноќ.
Омар Елабделаи ја дочекал Новата година со своето семејство и запалил огномет во сопствен аранжман , но бил тешко повреден и завршил во болница.
Десниот бек има повреди на раката , каде што му експлодирал огнометот и на окото кое било повредено по експлозијата. Точната сериозност на повредите сè уште не е позната, но тој бил итно пренесен во болница каде му била укажана лекарска помош.
Норвешкиот репрезентативец никогаш не играл за сениорскиот тим на Манчестер Сити, иако бил член на младинските екипи, а тој играл во Премиершип во сезоната 2016/17 како играч на Хал.