• 19/09/2020

Фудбалерите на Реал Мадрид во карантин, Ла Лига прекината на две недели

 Фудбалерите на Реал Мадрид во карантин, Ла Лига прекината на две недели
loading...
Advertisement

Откако СЗО прогласи пандемија на коронавирусот, челниците на Ла Лига донесоа одлука натпреварувањето да се суспендира во следните две недели.

Во официјалното соопштение лиферувано на страната на Ла Лига се вели дека поради страв од ширење на вирусот на играчите донесена е одлука лигата да биде времено прекината.

Исто така се споменува дека фудбалерите на Реал Мадрид се пратени во домашна изолација. Во „кралскиот клуб“ се претпазливи затоа што еден од кошаркарите на ова семејство има коронавирус.

Се уште не е познато дали натпреварот помеѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид кој е закажан за следната недела воопшто ќе се одигра.