Газа: Петмесечно бебе извлечено живо од урнатините, неговото семејство настрадало

 Газа: Петмесечно бебе извлечено живо од урнатините, неговото семејство настрадало

Петмесечно дете било спасено од урнатините на зграда која била погодена од израелски проектил во бегалскиот камп во Газа, но 10 членови на неговото семејство настрадале во бомбардирањето.

Палестинските извори велат дека детето било пронајдено покрај телото на својата мајка и дека веднаш било пренесено во болницата во близина.

Израел продолжил со бомбардирање на Појасот Газа утрово, кога погодиле куќа во Газа, убивајќи 10 Палестинци, во главно деца, што е најголем број на жртви во напад од почетокот на насилствата од почетокот на неделата, пренесува “AFP”.

Хамас одговорил со лансирање на ракета во насока на Израел.

И покрај интензивираните дипломатски напори, и најавата дека американскиот секретар за израелско-палестински прашања Хади Амр Систати со израелски и палестински службеници, судирите продолжуваат со голема жестина.

Десетина припадници на едно семејство, осум деца и две жени, загинале кога израелски проектил урнал трикатна зграда во бегалскиот камп Шати.

>
>