Германија: Автомобилот влетал во луѓе, загинале две лица

 Германија: Автомобилот влетал во луѓе, загинале две лица

Најмалку две лица загинале, а две се повредени во Лајпциг кога автомобил влетал во луѓе, пренесоа светските медиуми.

Според „Спутник“, возилото влетало во луѓе на станица за јавен превоз во улицата Прагер.

Според првичните информации, полицијата го уапсила 50-годишниот возач.

Властите подигнале хеликоптер, а полицијата го блокирала местото на несреќата.

Градските автобуси и трамваите се пренасочени кон алтернативни линии.

>
>